Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Претседателот Пендаровски на крунисувањето на британскиот крал Чарлс во Лондон

Претседателот Стево Пендаровски ќе присуствува на церемонијата на крунисувањето на британскиот крал Чарлс што ќе се одржи в сабота, на 6 мај.

Од кабинитетот на Пендаровски потврдија дека претседателот добил покана од Бакингемската палата, ја прифатил и ќе оди на крунисувањето на кралот Чарлс.

На крунисувањето се поканети шефови на држави со кои Лондон има целосни дипломатски односи, како и претставници на британските региони и прекуокеанските територии.

Претседателот Пендаровски, придружуван од сопругата Елизабета Ѓоргиевска, присуствуваше и на Државната погребна служба на кралицата Елизабета Втора во Вестминстерската опатија во Лондон на 19 септември минатата година. (МИА)

Зачлени се на нашиот е-билтен