Претседателот на САД, Доналд Трамп во интервју за Еј-би-си (ABC) изјави дека израелските напади врз Иран биле одлични.
Тој се осврна и на преговорите со Иран за нуклеарната програма.
– Им дадовме шанса, а тие не ја искористија. Ти се погодени многу, многу силно. Добро го почувствуваа ударот, колку што може да се почувствува. А, ќе има уште. И тоа многу повеќе, наведе Трамп.
Тој одби да одговори на прашањето дали САД на каков било начин учествувале во нападот врз Иран.
Не сакам да коментирам, наведе Трамп