Скопје стана главна рап вест за депониите како јавен срам

Депонија со мандат“ е новата песна на Македонскиот кибер рапер КиберФлоу. Песна која сурово, саркастично и директно го обработува јавниот срам на главниот град, ѓубре по тротоари и политичката немарност поврзана со управувањето со отпад.

Рап веста зборува за јавниот срам, од прелеани контејнери и диви депонии до институционална апатија. Ги поврзува медиумските пресметки меѓу политичарите со мирисот што секојдневно го чувствуваат граѓаните. Преку сатирични рими Киберфлоу го поставува прашањето: дали ова е град или депонија со политички мандат или пак декор за реално шоу со ѓубре во главна улога? КиберФлоу носи нова доза на социјална критика. Од Ѓорче до Аеродром, од Чаир до кејот кај „Александар Палас“, песната документира како градот станува депонија под мандатот на неефикасни институции. Контејнерите се преполни, надлежноста се „префрла“, а улиците – мирисаат.

„Преку преточување на секојдневните вести во рими и создавање на рап вести како алатка за будење сакам да ги потсетам и институциите и граѓаните за проблемите кои не мачат. Мојата цел не е да бидам рапер, мојата цел е да ги канализирам проблемите кои секојдневно не мачат преку песна односно рап вест со цел да предизвика акција, од екран на улица.“ – вели КиберФлоу

Песната е инспирирана од вистински проблеми документирани низ медиумите, конфликтите меѓу градоначалници, обвинувањата за неплатени долгови, уништените зелени површини и системската негрижа која ги прави улиците сè повеќе неподносливи. Сцените опишани во песната се реални: од „Палас“ до Чаир, од празнични чистки до нови натрупувања на отпад

КиберФлоу е нов кибер артист и анимиран лик кој ги претвора најгорливите општествени теми во рап вести преку синтеза на новинарски тесктови, вештачка интелигенција и аудиовизуелна продукција. Дебитираше со песната „Пратката не е пронајдена“, инспирирана од нефункционалноста на Македонската пошта. Со новата рап вест, го префрла фокусот на улиците – и она што останува на нив.

Зачлени се на нашиот е-билтен