Згасна „Ал Џезира Балканс“

Медиумската куќа „Ал Џезира Балканс“ денеска и официјално престана со работа, а последните вести беа емитувани во 12 часот. На самиот крај од вестите, водителката потврди дека ова се последните вести на AJB.

На социјалните мрежи, бројни вработени во „Ал Џезира Балканс“ се збогуваа со своите колеги и гледачи, со што го потврдија крајот на емитувањето.

Патем, регионалната, балканска канцеларија на овој медиум функционираше како дел од катарскиот медиумски конгломерат со седиште во Доха, а каналот, покрај централното студио во Сараево, има и регионални центри во Загреб, Белград, Скопје и Подгорица, дописници во Приштина, Ниш, Бања Лука, како и во Вашингтон, Лондон и Брисел, а ја користи и глобалната мрежа на дописници на медиумската мрежа на Ал Џезира.

Програмата започна со емитување на 11 ноември 2011 година, а веб-страницата беше лансирана истиот ден.

Во 2018 година, „Ал Џезира Балканс“ го лансираше својот Фестивал на документарен филм Ал Џезира Балканс, кој се одржува секоја година во Сараево во септември.

Телевизиската компанија сè уште официјално не ја потврди информацијата, ниту пак е објавена причината за евентуалното затворање.

Зачлени се на нашиот е-билтен