Костадиновска-Стојчевска: За Денот на македонскиот јазик избравме стихови во кои преовладува вербата, надежта, убавото, светлото, ведрото

Основната замисла беше да го претставиме македонскиот јазик како светлина која ни го покажува патот кон подобро утре.

„За празникот сакавме кирилицата и творештвото на македонски јазик да бидат на пиедесталот. И затоа се одлучивме да активираме светлина. Основната замисла беше да го претставиме македонскиот јазик како светлина која ни го покажува патот кон подобро утре. Тоа нѐ однесе и до критериумот за избор на стиховите и цитатите“ изјави министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска за „Рацин.мк“.

Таа додаде дека во сите избрани стихови преовладува вербата, надежта, погледот кон напред, убавото, светлото, ведрото – со цел да се пренесе целосна позитива кон граѓаните. Костадиновска-Стојчевска додаде дека затоа се избрани стихови кои мотивираат, кои ги опеваат слободата, татковината, љубовта, иднината, желбата за подобро утре – и со тоа се праќа порака дека сме против недовербите, поделбите, угнетувањата и мрачните моменти.

„Знам дека нема човек на кој не му дојде убаво додека ги гледаше светлините исполнети со мотивирачки македонски стихови кои произлегуваат и од народните творештва, но и до современи автори“ рече Костадиновска-Стојчевска.

Министерката додаде дека изминатите 30 години не биле доволно промовирани и доближувани до граѓаните доволно и достојно делата на Конески, Мисирков, Ацо Шопов, Рацин  и останатите.

„Денес, кога секојдневно се среќаваме со различните дела од овие и од уште многу македонски великани, сфаќаме постои можност во изминативе 30 години тие да не биле промовирани и доближувани до граѓаните доволно и достојно – јас велам дека може и треба уште повеќе – нивното огромно творештво треба секој граѓанин да го прочита, почувствува и доживее, повеќекратно, на свој начин“ рече Костадиновска-Стојчевска.

Целото интервјуото со министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска можете да го прочитате на следниот линк долу:



Треба да знаете
Moже да ве интересира