Социјалдемократите сметаат дека четири години беа доволни за да се види вистинското лице на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром, нивната некадарност, незаинтересиранист, нула исполнети ветувања.
„И Тимчо Муцунски пред да стане министер, и сегашниот градоначалник Дејан Митески ветуваа се и сешто – од „хумана урбанизација“ на Аеродром, градинки, училишта, паркинзи, функционална сообраќајна инфраструктура до „се што трпи хартија“. По четири години граѓаните го добија спротивното – дехуманизирана општина обрасната со треви, ѓубре, ниту грам ново зеленило, проекти кои се во фаза на документација или почетна фаза“, рече Марко Даниловски од СДСМ Аеродром
Тој вели дека наместо локална власт што ќе работи за граѓаните, со ВМРО-ДПМНЕ граѓаните на Општина Аеродром добиле извршители на волјата на Мицкоски – и Муцунски и Митевски, бидејќи тие ја претвориле општината во продолжена рака на ВМРО-ДПМНЕ. Даниловски додаде дека ниту едно од клучните ветувања не е исполнето.
„Во образованието, ветуваа нови градинки во Острово, Лисиче, Мичурин и Долно Лисиче – реалзиација нема, нула градники. Наместо олеснување за младите семејства, тие се оставени сами да се снаоѓаат. Ветените реконструкции и доградби на училиштата, останаа само на хартија – новата гимназија не е ни во подготовка, а надградбата на училиштата се сведува на еден објект, финансиран од Владата. Во сообраќајната инфраструктура – од ветените шест кружни текови не е изграден ниту еден. Од најавените 3000 нови паркинг места, изведени се само две мали паркиралишта. Најавениот „Вело-дром“, велосипедски патеки и Rent-a-bike системи се уште се недостижна реалност“, рече Даниловски.
Набројувајќи што се не сработиле од ветеното Даниловски, додаде дека зеленилото и урбаната опрема во Аеродром се ‘мртва точка’.
„Постоечкото зеленило не се одржува, општината заликува на џунгла, ново зеленило – нема. Нема ништо ниту од ветената паметна урбана опрема и заштитата на животната средина -.ниту еден ветен „смарт парк“, ниту една паметна клупа или мерна станица за загадување. Ветувањата за паркови од 100.000 м² останаа само пишано слово во програма, а парковите за миленици беа само за кампања. Се ветуваше гасификација, еко-полиција, завршување на легализацијата. Сето тоа се заборави веднаш по изборната кампања. И наместо отчетност, Дејан Митески функционира во целосна нетранспарентност, без конкретни резултати“, рече Даниловски.
Според него, Општина Аеродром е сликата на едно нефункционално, партизирано и неодговорно локално владеење, бидејќи наместо чесна и посветена локална власт, граѓаните добиле празни зборови, неисполнети ветувања и политичка ароганција.
„Време е за промена. Време е чесност и работа во интерес на граѓаните. Аеродром заслужува повеќе. Заслужува локална власт што ги знае потребите на граѓаните, што е меѓу нив, што слуша, што одговара и што не бега од одговорност. Аеродром може и мора да биде модерен, зелен и функционален – но само ако се раководи од луѓе кои работат за граѓаните“, рече Даниловски.