Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта ќе ја посетат Кина в четврток, каде што ќе се сретнат со кинескиот претседател Си Џинпинг, соопшти денеска Министерството за надворешни работи на Кина.
Како дел од агендата, тие ќе учествуваат и на 25. самит ЕУ–Кина, чиј домаќин ќе биде кинескиот премиер Ли Кеќанг.
Главни теми на разговор ќе бидат трговските тензии, енергетските технологии и кинеското партнерство со Русија, на кое се гледа со недоверба во Европа во контекст на војната во Украина.
Односите меѓу Брисел и Пекинг во последните три години се влошени, особено поради конкуренцијата во сектори како што се електрични возила, железничката и соларната индустрија. ЕУ е загрижена дека прекумерното кинеско производство, поттикнато од државни субвенции, може да го поплави европскиот пазар со евтини производи.
Европските лидери ќе се обидат да постигнат и олеснување на извозните ограничувања за ретки земни елементи, клучни во производството на мобилни телефони и електрични автомобили.