Распишана потерница по Милан Радоичиќ, судот му одреди притвор до 30 дена за Бањска

Вишиот суд во Белград одредил притвор до 30 дена и распишал потерница по поранешниот потпретседател на Српска листа, Милан Радоичиќ, кој е под истрага за вооружениот напад во Бањска на северот на Косово.

Одлуката е донесена откако Радоичиќ на 15 ноември не се јавил во полициска станица, потврдиле од судот. Притворот ќе се смета од денот и часот на неговото апсење.

Предметот се однесува на настаните од 24 септември 2023 година во Бањска, во близина на Звечан. Во вооружениот судир загинаа косовскиот полицаец Африм Буњаку и тројца Срби.

Според наводите во истрагата, Радоичиќ се сомничи за набавување, пренесување и складирање оружје, муниција и експлозивни средства, како и за предводење на групата што го загрозила животот на луѓето во Бањска.

Пет дена по судирот, преку своите адвокати соопшти дека лично ја организирал акцијата, по што поднесе оставка од функцијата во Српска листа.

Рацин.мк ве прашува:

Кој најмногу придонесува говорот на омраза да стане нормална појава во Македонија?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кој најмногу придонесува говорот на омраза да стане нормална појава во Македонија?