УЈП: 3.000 граѓани не доплатија данокот на личен доход

Околу 3.000 граѓани сè уште не ја доплатиле разликата за данокот на личен доход од 2024 година, предупредува Управата за јавни приходи. Рокот истече на 30 јуни, а УЈП најавува опомени и присилна наплата. Неплатениот износ ќе расте за камата од 0,03 % дневно, а на него ќе се додава и еднократна такса за извршување. Плаќањето мора да се изврши исклучиво со образец ПП53 и точен фолио‑број; секоја грешка значи административна процедура, повторна уплата и дополнителни трошоци. Службата апелира обврзниците да ја подмират обврската пред да тргнат извршителите.

Зачлени се на нашиот е-билтен