Трагедија на Крит: бебе се задуши со сувлаки во Хераклион

Трагедија на Крит: дваесет месечно девојче почина синоќа во Хераклион откако парче сувлаки ѝ се заглавило во душникот. Според локалните медиуми, детето јадело во присуство на семејството, кое веднаш го пренело во најблиската болница.

Таму лекарите извлекле дел од месото, но по едночасовни обиди за реанимација морале да констатираат смрт. Засега не е објавено дали семејството е од Грција или станува збор за туристи, ниту дали инцидентот се случил во домашни услови или во ресторан. Обвинителството отвори предистражна постапка.

Зачлени се на нашиот е-билтен