Експерти го разбијат митот што ги загрижува идните мајки

Многу бремени жени се воздржуваат од фарбање на косата од страв дека хемикалиите во боите можат да му наштетат на бебето.

 Но, водечките светски здравствени организации и дерматолозите имаат јасна порака: фарбањето е најчесто безбедно.

Американскиот колеџ за акушерство и гинекологија (ACOG) оценува дека фарбањето коса во бременост е генерално безбедно, бидејќи кожата на скалпот апсорбира многу мала количина хемикалии, што веројатно нема негативно влијание врз фетусот.

Истражувања објавени на порталот на Националната медицинска библиотека на САД (PMC – NCBI) исто така укажуваат дека личната употреба на боја за коса три до четири пати за време на бременоста не е поврзана со штетни ефекти, поради минималната системска апсорпција.

Што велат дерматолозите?

Д-р И. Џ. Родни, дерматолог, објаснува дека боите за коса се формулирани така што содржат хемикалии во концентрации што се безбедни за повремена употреба. Зголемен ризик имаат само лицата кои работат во фризерски салони и секојдневно се изложени на испарувања.

Алехе Азиз од Универзитетот Колумбија додава: „Хемикалиите во боите генерално не се сметаат за штетни, а доказите покажуваат дека системската апсорпција е минимална, така што е малку веројатно значајна количина да стигне до плацентата“, пренесува Allure.

Кога е најдобро да се фарба косата?

И покрај ниските ризици, експертите препорачуваат да се избегнува фарбање во првото тромесечје, бидејќи токму тогаш се развиваат главните органи на фетусот. Verywell Health исто така советува да се почека до второто или третото тромесечје, особено ако трудницата има кожни проблеми како дерматитис.

Побезбедни алтернативи и мерки на претпазливост:

  • Балајаж или преливи– овие техники избегнуваат директен контакт со скалпот и така го намалуваат ризикот.
  • Полутрајни бои без амонијак – формули со поблаг состав кои поретко предизвикуваат иритации или мачнини.
  • Билни бои (кна) – без амонијак и пероксид, но се препорачува алергиски тест пред употреба.
  • Patch-тест 48 часа пред фарбање – задолжителен, бидејќи хормоналните промени во бременоста можат да предизвикаат неочекувани реакции.

Заклучок: Фарбањето на косата за време на бременост не е забрането, но се препорачува претпазливост и одложување до второто тромесечје, како и избор на побезбедни формули и техники.

Зачлени се на нашиот е-билтен