Запалиле депонија во Струга, полицијата ги приведе

Полициски службеници синоќа лишиле две лица од Струга и Прилеп откако биле затекнати на депонијата како предизвикале пожар.

– Синоќа во 20:30 часот, на градската депонија во Струга, полициски службеници од ОВР Струга ги лишија од слобода Ф.Н.(61) од Струга и Е.В.(38) од Прилеп,  кои претходно, од страна на вработени во Територијалната противпожарна единица Струга биле затекнати на депонијата како горат душеци и топат бакарни жици, при што предизвикале пожар, информира денеска Министерството за внатрешни работи.

Како што најавуваат од МВР, против нив, по документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни пријави

Зачлени се на нашиот е-билтен