До 40 минути чекање на Ќафасан, изменет режим на делницата Градско–Дреново

Летната миграција кон граничните премини продолжува да го оптоварува сообраќајот. Според попладневните податоци на Автомото сојузот на Македонија (АМСМ), најдолга колона денеска се формира на Ќафасан, каде што возачите во просек чекаат околу 40 минути за излез кон Албанија. На северниот коридор – Табановце кон Србија, како и на Богородица кон Грција, задржувањата се движат околу половина час, додека на преминот Блаце се чека околу 20 минути.

На останатите премини, информира АМСМ, флуидноста е нормална, но фреквенцијата на возила е повисока од вообичаеното поради празничните одмори.

Од денеска стапи во сила и временo изменет режим на делницата Градско – клучка Дреново, дел од експресниот пат А1 и Коридорот 10д. Режимот ќе трае до 16 септември заради градежни работи на трасата. Сообраќајот е пренасочен по алтернативни ленти, обележан со привремена сигнализација.

АМСМ апелира на приспособена брзина, особено во котлините и клисурите каде што постои ризик од одрони – делниците Катланово–Велес, Маврово–Дебар–Струга, Виница–Берово и Кочани–Делчево се посочуваат како критични точки.

Сообраќајната полиција најави засилени контроли на главните коридори во текот на викендот, со цел да се минимизираат ризиците од сообраќајни инциденти.

Зачлени се на нашиот е-билтен