Новак Ѓоковиќ одлучи по Мастерс турнирот во Торонто да пропушти уште еден од серијата 1000, турнирот во Синсинати.
Години наназад, токму овие турнири претставуваа последна проверка пред УС Опен. Овој пат, сепак, Ѓоковиќ нема да одигра ниту еден официјален натпревар на тврдата подлога пред четвртиот гренд слем во сезоната.
За ова говореше легендарниот Џими Конорс, поранешен светски број 1 и освојувач на осум гренд слем титули:
„Ме загрижува една работа кај Новак. Немаше натпревари на тврдата подлога во последно време. Сакав да дојде во Синсинати и да има два-три вистински предизвици. Така не можеме да знаеме што да очекуваме од него“, изјави Конорс.
Славниот Американец додава дека му е чуден изборот на Ѓоковиќ:
„Имаше одличен Вимблдон, стигна до полуфиналето, но таму загуби во три сета. Потоа замина на одмор со семејството речиси месец и пол. Ќе видиме како ќе изгледа неговата форма. Знам само дека најдобриот во историјата никогаш не треба да се отпишува“, заклучи Конорс.
УС Опен ќе се одржи од 25 август до 8 септември на терените на Флешинг Медоус.