СДСМ бара одговорност за режимскиот упад на полицијата во Демир Хисар

Како одговор на новинарско прашање, потпретседателот на СДСМ Методија Илиевски рече дека тие бараат итно запирање на незаконскиот прогон врз Маја Лозановска и одговорност за сите кои ја злоупотребуваат полицијата.

„Бруталниот упад на полицијата во домот на директорката на СОУ „Крсте Петков Мисирков“ во Демир Хисар е јасен доказ дека режимот се врати. Полицијата, по измените на законите за полиција и за внатрешни работи од Панче Тошковски, е претворена во партиска алатка за незаконски разрешувања и политички притисок пред избори, со цел поставување кадри на ВМРО-ДПМНЕ“, посочува Илиевски.

Рацин.мк ве прашува:

Дали здравите односи, личните граници и репродуктивното здравје треба да се учат во училиште?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали здравите односи, личните граници и репродуктивното здравје треба да се учат во училиште?