Пукање на Тајмс Сквер, повредени три лица

Три лица се повредени во пукање што се случи рано утрово на Тајмс Сквер, една од најпопуларните туристички дестинации во Њујорк, јави Асошиејтед Прес повикувајќи се на полицијата. Едно лице е приведено и се наоѓа во полициско испрашување поради инцидентот.

Пукањето се случило околу 1:20 часот по полноќ, но полицијата сè уште не дала дополнителни информации за причините и деталите на настанот. „Њујорк Тајмс“ јавува дека меѓу повредените има 19-годишен и 65-годишен маж, кои биле застрелани во нозете, како и 18-годишна жена која добила повреди од гребаници на вратот. Според полицијата, нивните животи не се во опасност.

Овој инцидент се случува во време кога во градот се одвива изборна кампања за градоначалник, каде борбата против криминалот е едно од главните теми.

Зачлени се на нашиот е-билтен