Францускиот парламент ја повика Европската унија официјално да ја прогласи руската група Вагнер за терористичка организација. Ова го пренесува The Guardian, објави Укринформ.
Каде и да работат, членовите на Вагнер шират нестабилност и насилство“, изјави францускиот пратеник Бенџамин Хадад во парламентот во вторникот. „Тие убиваат и мачат. Масакрираат и ограбуваат. Тие заплашуваат и манипулираат речиси целосно неказнето.
Тој додаде дека силите на Вагнер не се едноставни платеници водени од „апетит за пари“. Според Хадад, тие „следат широка стратегија, од Мали до Украина, за поддршка на агресивната политика на режимот на претседателот Путин кон нашите демократии“.
Во вторникот, Долниот дом на францускиот парламент – Националното собрание – гласаше за признавање на групата Вагнер како терористичка организација. Резолуцијата, исто така, има за цел да ги охрабри 27-те земји-членки на ЕУ да го додадат Вагнер на официјалната листа на терористички организации.
Како што пишува „Тајмс“ повикувајќи се на извор од британската влада, Лондон има намера и официјално да го стави Вагнер на листата на терористички организации.
Изворот рече дека Министерството за внатрешни работи на Обединетото Кралство работи на случајот два месеци и означувањето најверојатно ќе продолжи за неколку недели.
Претходно, Советот на ЕУ официјално ја објави одлуката за примена на рестриктивни мерки против Вагнер групата, која Кремљ активно ја ангажира во својата воена агресија против Украина, како и во воените операции во други региони. особено во африканските земји.
Марта Пешевска (ЦивилМедиа)