Советот на Европската Унија на 18 јули 2025 година усвои одлука за воведување нови рестриктивни мерки кон Белорусија, поради нејзината улога во руската агресија против Украина.
Со оваа одлука, осум нови субјекти, физички и правни лица, како и организации беа вклучени на листата на оние на кои ќе им се применуваат санкции според одлуката 2012/642/CFSP. Дополнително, на листата со ограничувања за продажба, пренос или извоз на двојна намена како технологии и производи кои можат да помогнат во военото и технолошко зајакнување на Белорусија, беше додаден еден нов субјект.
Покрај земјите-членки на ЕУ, одлуката ја поддржаа и Албанија, Босна и Херцеговина, Исланд, Лихтенштајн, Црна Гора, Северна Македонија, Норвешка и Украина, кои се обврзаа да ги усогласат своите национални политики со мерките донесени од Советот.
Европската Унија ја поздрави оваа посветеност и поддршка од овие земји, нагласувајќи ја важноста на единствениот пристап кон одговорот на случувањата во регионот.