[Фото]: Со автомобил влетал низ прозорите во автобус

Бугарските медиуми утрово известуваат за тешка сообраќајна несреќа којашто се случила рано утрово кога автомобил влетал во автобус на јавниот превоз во Софија на раскрсницата на булеварите „Вазкресение“ и „Константин Величков“.

Како што известува Бугарското национално радио, инцидентот е пријавен во „Сообраќајната полиција“ на главниот град во 01:56 часот. Возачот на автомобилот го промашил свртувањето и удрил во страничните прозорци на автобус за јавен превоз што се движел на ноќната линија.

Првичните информации велат дека автомобилот се движел со многу голема брзина, според некои, околу 170 км/ч. Возачот бил зад воланот две недели и во тој период акумулирал шест казни за „мали прекршоци“, според претставник на Сообраќајната полиција. Неговиот тест за алкохол и дрога бил негативен. Автомобилот не бил негова сопственост.

Според БНТ, 65-годишен сириски државјанин кој патувал во автобусот починал. Возачот на автобусот и контролорот се примени во Военомедицинската академија во тешка состојба.

Според информациите од Бугарското национално радио, 18-годишно момче кое управувало со автомобилот, како и 66-годишниот возач на автобус, се во најтешка состојба и се примени во болница.

Подоцна, четири лица се донесени од Воено-медицинската академија во Одделот за итни случаи на болницата. Тројца од нив се хоспитализирани – двајца на Одделот за анестезиологија и интензивна нега со животозагрозувачка состојба и еден на Клиниката за неврохирургија.

Зачлени се на нашиот е-билтен