Според Упрвавата за хидрометеоролошки работи, под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, денеска во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.
Во понеделник се очекува на повеќе места да биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни со услови за невреме со пообилен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град.
Во вторник ќе има услови за изолирана појава на нестабилност, а од среда ќе преовладува претежно стабилно време со постепен пораст на дневната температура.
Во Скопје, во понеделник времето ќе биде променливо облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме со силен ветер и изолирана појава на град.