Габриела Илиевска од независната граѓанска иницијатива „Поинаку“, кандидат за градоначалник на Битола

Актуелна претседателка на Советот на Општина Битола, Габриела Илиевска од независната граѓанска иницијатива „Поинаку“, утрово објави дека како независна ќе се кандидира за градоначалничка на Битола. Таа ги повика сите битолчани кои сакаат да ја видат Битола поубава, почиста, непартиска и независна да ја поддржат.

Во изминатите години таа помина три советнички мандати во Советот на Општина Битола. На почетокот како советничка од ВМРО-Народна партија, а во последните два мандата како незaвисна од граѓанската иницијатива „Поинаку“. Тие во изминатиот период  беа познати во јавноста по тоа што  без влакна на јазикот во Советот ги критикуваа состојбите кои сметаат дека не ја водат Битола во подобар правец.

Илиевска е првата жена независна кандидатка за градоначалничка на Битола.

Илиевскиa вели дека, за разлика од политичките партии, таа како независна кандидатка нема пари за кампања и маркетинг, но тоа нема да ја спречи во борбата.

„После сите шпекулации, написи, приказни, плукања, честитки, еве да расчистиме. Ве повикувам сите битолчани, без разлика дали сте симпатизери или членови на која било  политичка партија, гласачи досегашни на која било  политичка опција, досегашни негласачи, сите кои сакате да живееме во поуба, почиста, непартиска, независна Битола, да ме поддржите за независен кандидат за градоначалник и да се приклучите кон фронт против 30 и кусур годишното запоставување на градот“, повика  Илиевска.

Зачлени се на нашиот е-билтен