Зеленски и Путин на средба во Унгарија?

Висок функционер во администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека средбата меѓу рускиот и украинскиот претседател Владимир Путин и Володимир Зеленски би можела да се одржи во Унгарија, објави Ројтерс.

Во понеделник, за време на средбата со Зеленски, Трамп изјави дека Соединетите Американски Држави ќе помогнат во гарантирањето на безбедноста на Украина во секој договор за прекин на руската војна и дека европските партнери ќе бидат вклучени во него.

Во исто време, и Трамп и Зеленски изјавија дека се надеваат на трипартитен состанок со Путин, а Трамп подоцна објави на својата социјална мрежа дека започнал со организирање состанок меѓу Путин и Зеленски, по што ќе следи трилатерален самит на тројцата претседатели.

Трамп им кажа на европските лидери дека Путин го предложил тој редослед, и иако Кремљ јавно не го објавил својот договор, висок функционер на американската администрација изјави дека средбата меѓу Путин и Зеленски би можела да се одржи во Унгарија.

Советникот на унгарскиот премиер Балаш Орбан изјави дека Унгарија е подготвена да обезбеди секаква помош за да се олесни постигнувањето на договорено решение.

Следува средбата Путин-Зеленски; Ова се деталите

Тој напиша на социјалните мрежи дека ставот на унгарската влада останува непроменет, а тоа е дека траен мир може да се постигне само ако страните се подготвени да ги приближат своите ставови, за што се потребни медијатори, земји што градат мостови и лидери.

„Мировната мисија на Виктор Орбан помогна јасно да се види можниот исход од војната и го сруши табуто околу дипломатското решение. А Доналд Трамп, како прв човек на водечките западни сили, има вистинска геополитичка моќ да ги принуди завојуваните страни на преговарачка маса“, рече Орбан, пренесува hirado.hu.

„Унгарија останува подготвена да обезбеди секаква помош за да се олесни постигнувањето на договорено решение“, напиша Орбан.

Зачлени се на нашиот е-билтен