Oпштествени контрасти: две маси, две реалности на студенскиот и пратенчкиот стандард

Центарот за современи уметности (CAC) оствари уште една герила акција која ја нарече „Општествени контрасти“.

Според Центарот, идејата на уметничката акција „Општествени контрасти“, како визуелна комуникација, се базира на поставени две маси за ручање: студентска и пратеничка и има за цел да говори гласно за проблемите на студенскиот стандард.

Студентската трпеза, со леб, конзерва туна и кромид, ја покажува ограниченоста на сумата од 140 денари која студентите ја добиваат како субвенциониран оброк од државата.

До неа, менито и послуженото јадење на пратеничката маса го отвораат прашањето за повластените цени во собраниското бифе и зошто токму оние кои имаат најмногу секогаш плаќаат најмалку во оваа држава.

Контрастот меѓу двете маси е едноставен: со 140 денари не може да се обезбеди пристоен и хранливо балансиран студентски оброк. Во меѓувреме, цените на храната и трошоците за живот растат, а студентите што доаѓаат од другите градови покрај сместувањето и храната мораат да ги покриваат и сè повисоките трошоци за превоз. Студентскиот стандард опаѓа, а поддршката не ги следи реалните потреби.

Во ситуација кога младите секојдневно се соочуваат со сè поголеми трошоци и сè помалку можности да живеат достоинствено, не треба да се чудиме што многумина својата иднина ја бараат надвор од земјата.

Со акцијата, велат од Центарот за современи уметности, „сакаме да ги информираме јавноста и граѓаните за секојдневните предизвици со кои се соочуваат студентите – од недоволната сума за оброк до растечките трошоци за храна, сместување и превоз. Истовремено, сакаме да ги направиме повидливи нивните барања за подобар студентски стандард и поквалитетни услови за образование и живот. Достоинствен оброк не е луксуз, туку основна потреба.“

Рацин.мк ве прашува:

Кој дел од системот е најодговорен за убиствата на жени?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кој дел од системот е најодговорен за убиствата на жени?