УЈП: тргнува во присилна наплата 11.555 обврзници без јулски плати и придонеси

По истекот на законските рокови за месечните аконтации за данок на добивка и исплатата на јулските плати со придонеси, Управата за јавни приходи утврди значителен број неплатени обврски. Кај 2.129 даночни обврзници не е платена аконтацијата за данок на добивка за јули 2025, а кај 11.555 обврзници не е евидентирана исплата на бруто плати и социјални придонеси за истиот месец.

Од УЈП појаснуваат дека дел од неплатените аконтации може да се подмират преку пребивање со даночни побарувања, но тоа не ги ослободува обврзниците од законската должност навремено да ги сервисираат обврските. Вчера до сите кои заостануваат се доставени персонализирани известувања, со апел веднаш да извршат плаќање. „Овие средства се дел од јавните приходи кои припаѓаат на граѓаните и обезбедуваат редовно финансирање на буџетските потреби, здравството, образованието и социјалната сигурност“, наведува УЈП.

Институцијата остро потсетува дека во наредните денови ќе преземе законски мерки за присилна наплата кон сите кои не постапиле по известувањата.

Зачлени се на нашиот е-билтен