CrowdWater, нов проект за заштита на реките во Маврово

Аџина река
Аџина река

Секој може да биде научник – нов проект за заштита на реките во Маврово со CrowdWater, порачува Маврово365, организацијата што стои зад новиот проект за промоција на апликацијата CrowdWater во Националниот парк Маврово.

Од оваа организација велат дека нивната цел е едноставна, но важна: Да се вклучи заедницата во мониторинг и заштита на реките преку алатка што секој може да ја користи – својот паметен телефон.

Со апликацијата CrowdWater на Маврово365, секој турист, планинар, рибар или локален жител може да придонесе кон собирање на вредни податоци за состојбата на водите во Националниот парк Маврово и неговата околина.

Citizen Science е наука во која граѓаните активно учествуваат во истражувања и придонесуваат со податоци и знаење. Овој пристап е веќе докажан во светот – од мерења на птици во САД уште од 1900 година, до денешни современи иницијативи овозможени преку смартфони и социјални мрежи.

Од Маврово365 велат дека ова е важно затоа што реките во Маврово не се само природен ресурс – тие се живот и иднина за нашата заедница. Со активно учество, секој од може да помогне во нивната заштита и во креирањето на подобра еколошка слика за регионот.

Маврово365 најавува дека во наредниот период ќе спроведуваат едукативни тури, работилници, училишни активности, промоции меѓу локалната бизнис заедница и дигитална кампања за да го доближат CrowdWater до сите љубители на природата.

И во овој дел секој може да придонесе со ширење на оваа мисија со преземање и со препораки за апликацијата која што може да се преземе на:

App Store – https://apps.apple.com/…/crowdwater…/id1213513623…

Google Play – https://play.google.com/store/apps/details…

Заедно ја унапредуваме науката – и заедно ги чуваме нашите води.

Проектот е поддржан од Eko-svest и Prespa Ohrid Nature Trust – PONT

Фотографијата за каверот на кампањата е направена на Аџина река за време на прошетки и турите што Маврово365 ги организира за запонавање на реките во националниот парк

Зачлени се на нашиот е-билтен