Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и управување со комунален отпад (РКЕ) донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,43 отсто во однос на последната пресметка од 11 август.
Новите цени се активни од вчера, вторник (19 август) на полноќ, а денес, среда (20 август), граѓаните веќе полнат гориво по пониски цени.
Причината за поевтинувањето се пониските референтни цени на светскиот пазар: кај бензините за 0,43%, кај дизелот за 1,93%, кај екстра лесното масло за 1,90%, а кај мазутот за речиси 3%. Своја улога има и падот на курсот на денарот во однос на доларот за 0,88%.
Максималните малопродажни цени сега изнесуваат:
- ЕУРОСУПЕР БС-95: 74,00 ден/лит. (намалување за 0,50 денари)
- ЕУРОСУПЕР БС-98: 76,00 ден/лит. (намалување за 0,50 денари)
- ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V): 67,50 ден/лит. (намалување за 1,00 денар)
- Масло за горење Екстра лесно (ЕЛ-1): 67,00 ден/лит. (намалување за 1,00 денар)
- Мазут М-1 НС: 38,643 ден/кг (намалување за 1,143 ден/кг)
Од РКЕ нагласуваат дека овие цени се максимални, а трговците можат да нудат и пониски.