Притвор за осомничен за силување на 14-годишно девојче од Македонија

Триесет и шестгодишен маж од Пеќ е во притвор по апсење викендов, под сомнение дека извршил силување на 14-годишно девојче од Македонија. Случајот го пријавиле жртвата и нејзината мајка, а девојчето им дало детален исказ на истражителите за настанот, кој, според пријавата, се случил во напуштена куќа во Пеќ.

Полицијата го лоцирала осомничениот по траги пронајдени на лице место, а Основното обвинителство во Пеќ соопшти дека истрагата е во тек. Доколку обвинението биде подигнато и судот утврди вина, според косовското законодавство за делото се предвидува казна затвор до 10 години.

Зачлени се на нашиот е-билтен