Западен Балкан доби Регионална академија за иновации: Нова е-платформа за истражувачи и иноватори

Регионалната академија за иновации на Западен Балкан нуди повеќе од 25 образовни содржини насочени кон зајакнување на капацитетот за наука, истражување и иновации во регионот.

Економиите на Западен Балкан инвестираат помалку од еден процент од бруто-домашниот производ во истражување и развој, што е многу пати помалку од просекот во Европската Унија. Со цел да се зголеми капацитетот за наука, иновации и развој во регионот, во рамките на програмата Хоризонт Европа 2022, започна регионалниот проект „Одговори на политиките“.

Еден од неговите резултати е основањето на Регионалната академија за иновации, специјализирана е-платформа која нуди повеќе од 25 образовни единици. Тие се дистрибуирани во четири области и се наменети за пошироката научна и истражувачка заедница во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово*, Северна Македонија, Црна Гора и Србија.

Текстови, видео курсеви, приказни за успешни иновативни компании и презентации се достапни на платформата. Идејата е да се соберат знаења и искуства на едно место што можат да придонесат за развој на иновациите во регионот.

До Регионалната академија за иновации може да се пристапи преку линкот: Western Balkans Regional Innovation Academy

Зачлени се на нашиот е-билтен