Заев: Треба да се забележи дека по Преспанскиот договор ситуацијата во регионот се менува. Се позабележлива е соработката со повеќе од 2,5 милијарди евра инвестиции од Грција во Северна Македонија. Тоа е 25 отсто од нашиот БДП.
„Граѓаните ги видоа бенефитите од Преспанскиот договор. Двете земји сега имаат значително зголемена соработка, особено во енергетскиот сектор. Сега се е отворено и имаме многу повеќе инвестиции од Грција во Северна Македонија“, нагласува поранешниот премиер Зоран Заев во интервју за грчкиот весник „Катимерини“.
Тој додаде дека и во периодот на корона-кризата, Грција беше тука да ни помогне со вакцините, а сега се гради заеднички енергетски пазар.
„Со заедничкиот енергетски пазар ќе бидеме поиздржливи и поподготвени за идните енергетски кризи. Ние сме мал регион и ако работиме заедно ќе бидеме посилни“, вели Заев за грчкиот медиум.
Експремиерот додаде дека е благодарен што грчката Влада предводена од Мицотакис се бореше за Северна Македонија да ги започне преговорите со Европската Унија.
„За тоа служат пријателите и ние сме навистина благодарни за тоа, граѓаните го ценат тоа“, истакнува во ова интервју Заев.
Што и да се случи во Северна Македонија во иднина, Уставот ќе биде почитуван
„Иако се уште има десничарски партии кои не ја прифаќаат промената на името, таа е дел од нашиот Устав. Што и да се случи во Северна Македонија во иднина, Уставот мора да биде почитуван“, наведува поранешниот премиер Зоран Заев во интервјуто за грчки „Катимерини“.
Тој додаде дека дури и опозицискиот лидер, Христијан Мицкоски јавно изјави дека нема назад од Преспанскиот договор и дека тој ќе продолжи да важи и во иднина.
Експремиерот Заев додаде дека и грчката опозиција во времето кога се потпишуваше договорот, а сегашна власт, најде начини како да се продолжи соработката меѓу двете држави.
„Треба да се забележи дека по Преспанскиот договор ситуацијата во регионот се менува. Се позабележлива е соработката со повеќе од 2,5 милијарди евра инвестиции од Грција во Северна Македонија. Тоа е 25 отсто од нашиот БДП“, посочува Заев во ова интервју.
По Преспанскиот договор Грција ни стана еден од најсилните партнери
„Ние бевме многу блиски со Турција и сѐ уште сме, а по Преспанскиот договор стана јасно дека Грција ни станува еден од нашите најлојални пријатели, што се гледа и од анкетите“ вели експремиерот Зоран Заев во разговорот за грчкиот „Катимерини“.
Тој додава дека анкетите покажуваат дека Грција е меѓу петте најблиски држави за Македонците, за разлика од пред Преспанскиот договор, кога Грција беше помеѓу државите кои беа гледани како кочничари.
„Среќен сум кога ги гледаат фамилиите како комуницираат едни со други, се посетуваат. Македонците доаѓаат на кафе и шопинг во Грција“, вели Заев во ова интервју.
Поранешниот премиер нагласува дека е благодарен што грчката Влада предводена од Мицотакис се бореше за Северна Македонија да ги започне преговорите со Европската Унија.
„За тоа служат пријателите и ние сме навистина благодарни за тоа, граѓаните го ценат тоа“, потенцира Заев во интервјуто за грчкиот медиум.