СДСМ: Латас и Бетмен ја бранат Вучиќевата Алта банка за која се појавија сомнежи дека печатела лажни пари

СДСМ

Додека Мацура во Србија седи во притвор за изнесени близу 400 милиони евра, во Македонија Алта банка ја бранат Латас, Бетмен и други квази-експерти од ВМРО-ОКГ. Тоа е одбрана на Вучиќевата банка. Одбрана на банкарот на Мицкоски.

Ова се истакнува во партиското соопштение денеска, во кое се изнесуваат обвинувања за одговорноста на надлежните институции и се отвора прашањето за финансиската состојба на банката.

Од СДСМ велат дека нивните реакции се поврзани со медиумски објави во Србија за сомнежи за финансиски злоупотреби поврзани со Мацура, кој, според соопштението, се наоѓа во притвор. Партијата ги посочува и наводите дека наводно биле печатени фалсификувани банкноти од 500 евра, при што во сноповите само првата и последната банкнота биле оригинални.

Опозициската партија ја поврзува Алта банка со српскиот банкарски бизнис и ја обвинува власта дека овозможила нејзино влегување во Македонија. СДСМ тврди дека Славески ја потпишал дозволата за работа, а премиерот Христијан Мицкоски јавно признал дека бил вклучен во случаите поврзани со банката и со осигурителна компанија.

Во соопштението се критикува и постапувањето на власта кон опозицијата, при што СДСМ прави споредба со случувањата во Србија и тврди дека таму истрагите за финансиски злоупотреби напредуваат, додека во Македонија се поднесуваат пријави против опозицијата за ширење паника.

Партијата го поставува и прашањето дали 80 милиони евра, наведени во извештајот на Алта банка Битола, навистина постојат.

Рацин.мк ве прашува:

Кој дел од системот е најодговорен за убиствата на жени?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кој дел од системот е најодговорен за убиствата на жени?