Просечното траење на работниот век во ЕУ во 2024 изнесувало 37,2 години

Просечното траење на работниот век во Европската унија во 2024 година изнесувало 37,2 години, покажуваат најновите податоци на Евростат. Сепак, разликите меѓу земјите-членки се значителни.

Најдолг работен век е забележан во Холандија (43,8 години), Шведска (43,0), Данска (42,5), Естонија (41,4), Ирска (40,4) и Германија (40,0). Најниско просечно траење имаат Романија (32,7 години), Италија (32,8), како и Хрватска, Грција и Бугарија со по 34,8 години.

Податоците покажуваат и јасни разлики меѓу половите. За мажите, очекуваното траење на работниот век во ЕУ изнесува 39,2 години, со највисоки вредности во Холандија (45,7), Данска (44,2) и Шведска (40,0), а најниски во Романија (35,9) и во Хрватска и Бугарија (по 36,0).

Кај жените, просекот е 35,0 години. Најдолг работен век имаат жените во Естонија (42,2), Шведска (42,0) и Холандија (41,8), додека најкраток во Италија (28,2), Романија (29,2) и Грција (31,1).

Извор: Евростат

Зачлени се на нашиот е-билтен