Со поврат на ДДВ до полесно купување прв стан

Доколку данокот на додадена вредност се зголеми од сегашните 5 на 18 отсто за купување станови, товарот ќе падне на купувачите. Градежниците велат дека најпогодени ќе бидат младите брачни парови кои прв пат купуваат стан. Затоа тие ќе бараат од Владата да ја продолжи мерката според која за купување прв стан се плаќа повластена стапка на ДДВ. Разговорите за ова се закажани за септември, дознава Блумберг Адрија.

„Ако дојде до зголемување на стапката на ДДВ, сите градители ќе се обидат тој трошок да го пренесат на купувачите, а нивната куповна моќ и така е ограничена, на некои локации дури и невозможно е за некои граѓани да купат стан по цените кои важат во моментов. Тоа ќе доведе до дополнително намалување на побарувачката, затоа јас се наведам дека нема да дојде до тоа“, изјави за ТВ Блумберг Адрија Андреа Серафимовски, претседател на Здружението за градежништво при Стопанската комора на Македонија.

Зачлени се на нашиот е-билтен