Под влијание на значително посвежа воздушна маса од север, викендов (сабота и недела 23/24 август) ќе имаме значително пониски температури на воздухот, особено наутро кога температурите ќе се спуштаат во интервалот од 8 до 18 степени, во Скопје денеска и утре температурата ќе се спушта до околу 14 степени. Максималните дневни температури на воздухот пак ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 33 степени.
Граѓаните треба да се подготват за променливо облачно и нестабилно време со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Особено долж Повардарието ќе дува повремено засилен ветер од северен правец.
УХМР предупредува дека ќе дува засилен, наместа силен западен ветер (над 70км/ч.) во форма на невреме.
Во Скопје викендов времето ќе биде претежно стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Повремено ќе дува засилен ветер од северен правец, особено утре (сабота 23 август).