„Диџеј Ахмет“ со две награди на Сараево филм фестивал

„Диџеј Ахмет“ на Георги Унковски продолжува да се овенчува со награди на филмските фестивали во Европа и светот. На Сараево филм фестивал филмот освои две награди: Специјална награда „Младински перспективи“ и наградата на Cineuropa.

Специјалната награда „Младински перспективи“, спонзорирана од Советот на Европа, според ообразложението на жирито му се доделува на „Диџеј Ахмет“ како за филм за млади луѓе кои ја предизвикуваат својата заедница и традиција – лежерна и хумористична, но многу трогателна приказна, збогатена со привлечни и живи изведби на младите актери и шарена кинематографија, за која веруваме дека има потенцијал да допре до публиката, особено до младите, низ целиот свет.

Наградата ја доделува порталот Cineuropa, веб-страницата посветена на европските кинематографски и филмски професионалци, и се доделува на „Диџеј Ахмет“ кој покрај тоа што има неоспорни уметнички квалитети, ја промовира и идејата за европски дијалог и интеграција.

Зачлени се на нашиот е-билтен