Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Меморандум за соработка меѓу МИА и Државниот архив за дигитализација на фотографии и други материјали

 Медиумската информатива агенција (МИА) и Државниот архив на Република Северна Македонија денеска потпишаа Меморандум за соработка, кој се однесува во полето на науката, образованието и културата. Меморандумот предвидува дигитализација на фотографии и други материјали од архивата на МИА.

В.д. директорот на Државниот архив Емил Крстески посочи дека меморандумот што денеска го потпишаа е значаен бидејќи токму преку соработката со Медиумската информатива агенција се овозможува афирмирање на нашата историја.

null

-Сметам дека овој меморандум за соработка со МИА е мошне значаен, бидејќи соработката се однесува во полето на науката, на образованието и културата, кои се многу значајни за целиот информативен систем во нашата земја. Ова е добро, затоа што станува збор за афирмација на нашата историја и нашето минато преку МИА, која се надевам ќе ги шири фактите и работите што се случиле во минатото и се значајни за денешницата и за иднината. Посакувам да имаме плодна соработка, додаде Крстески.

null

Тој напомена оти очекува да се користат и стари фотографии кои би требало да бидат презентирани пред јавноста, како и многу други содржини кои преку МИА ќе допрат до пошироката јавност.

МИА и Државен архив потпишаа меморандум за соработка ФОТО/МИА

Директорот на МИА Драган Антоновски посочи дека потпишувањето на меморандумот е вистински пример за меѓуинституционална соработка.

-Благодарам за она што претстои, за она што ќе го работиме заеднички. Ова е вистински пример за меѓуинституционална соработка меѓу МИА, која известува за случувањата во земјава, регионот и светот и Државниот архив кој знае како да се зачуваат материјалите за идните генерации. Тоа е нашето богатство. Целта е да ги издигитализираме старите фогографии на МИА, за да можат да останат како белег, печат, на она што се случува последните 20 години во земјава, за да може да го корист

Најново