Утре „Хоризонти“ на Венецискиот фестивал се отвора со „Мајка“ на сестрите Митевски

Мајка (Mother)
Мајка (Mother)

 

Утре, 27 август, на 81. Меѓународен филмски фестивал во Венеција, ќе се одржи светската премиера на „Мајка“ (Mother) на Теона Стругар Митевска, со што филмот ќе ја има честа да ја отвори престижната програма „Хоризонти“ (Orizzonti) на фестивалот, која е посветена на најновите авторски и уметнички тенденции во светската кинематографија.

„Мајка“ (Mother) е инспириран од животот на Мајка Тереза, прикажувајќи ја Каликута во 1948 година, во моментот кога таа ја носи клучната одлука да го напушти манастирот и да се посвети на сиромашните.

Филмот „Мајка“ (Mother) е копродукција на Северна Македонија, Белгија, Шведска, Данска и Босна и Херцеговина. Во главните улоги настапуваат светски познатите актерки Нуми Рапас и Силвија Хукс, заедно со Никола РистановскиЛабина Митевска и други.

Официјалната премиера ќе се одржи утре на 27 август во 16:00 часот во Sala Darsena, во рамките на фестивалот во Венеција.

Премиерната проекција на филмот се совпаѓа со одбележувањето на 115 годинишнината од раѓањето на Мајка Тереза во Скопје.

Зачлени се на нашиот е-билтен