Гутереш: Гладот во Појасот Газа е резултат на намерни постапки на Израел

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, денеска изјави дека изгладнувањето на цивили никогаш не смее да се користи како метод на војување, истакнувајќи дека гладот во Појасот Газа е резултат на „нечовечни“ и „намерни“ постапки на Израел.

„Цивилите мора да бидат заштитени. Хуманитарниот пристап мора да биде непречен. Без понатамошни изговори. Без понатамошни пречки. Без понатамошни лаги“, рече Гутереш.

Генералниот секретар на ОН напомена дека хуманитарните напори предводени од ОН во палестинската енклава се „блокирани, одложувани и ускратени“, а дека Израел, како окупаторска сила, има обврска да ги заштити цивилите и да обезбеди хуманитарна помош.

Тој предупреди дека проширената воена операција во градот Газа, која Израел ја најави, ќе има „разорни последици“, а исто така го осуди неодамнешниот напад на болницата Насер, во Кан Јунис, во кој загинаа шест новинари и уште 20 луѓе.

Гутереш, исто така, го обнови повикот за постигнување итен и траен мир во Газа, додавајќи дека израелската окупација на Западниот брег и Источен Ерусалим го крши меѓународното право. 

Зачлени се на нашиот е-билтен