Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

ЕУ проект „Поддршка за слободата на изразување“

Делегацијата на Европската Унија денеска јавно ќе го означи почетокот на проектот „ЕУ за слободата на изразување: Усогласување на националното законодавство за медиуми со правото на ЕУ и европските медиумски стандарди”.

На настанот ќе присуствуваат претставници од Министерството за информатичко општество и администрација, а претставени ќе бидат клучните цели на проектот: Усогласување на законодавството со Директивата за аудиовизуелни медиумски услуги, зајакнување на институционалниот капацитет и независноста на националното регулаторно тело за медиуми (АВМУ) за да се гарантира имплементацијата на правната рамка, унапредување на правната рамка за националниот јавен радиодифузен сервис (МРТ), според европските стандарди и обезбедување негова финансиска стабилност и независност, анализа на медиумскиот пазар и предлагање политики и законски решенија за подобрување на конкурентноста, одржливоста и плурализмот, давање препораки за правни, регулаторни и саморегулаторни механизми со кои може да се одговори на предизвиците што ги поставува новото дигитално медиумско опкружување, како и унапредување на законската заштита на социјалните и работничките права на новинарите.

Презентирани ќе бидат и првите наоди од проектот во однос на усогласувањето на медиумската легислатива со Директивата за аудиовизуелни медиумски услуги и ќе се претстави Патоказот на Министерството за процесот на консултации и спроведување на потребните реформи.

Најново