Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Украинските сили напредуваат северозападно кон Бахмут, руските трупи се повлекуваат во паника

Украинската армија во саботата соопшти дека напредува околу Бахмут, епицентарот на борбите со руските трупи во источна Украина.

Украинските војници напредуваат во неколку области на фронтот во насока Бахмут, додека Русите губат опрема и жива сила, пренесува Еуроњуз.

„Одбранбената операција кон Бахмут продолжува“, објави командантот на украинските копнени трупи, Генерал-полковник Олександр Сирскиј на Телеграм. „Нашите војници напредуваат во некои области на фронтот, а непријателот губи опрема и војници.

Во новиот извештај објавен од Институтот за проучување на војната (ISW), се вели дека Вооружените сили на Украина постигнаа успех северозападно од Бахмут во локализирани контранапади, како што беше потврдено од објавените снимки на кои се гледа повлекувањето на руските трупи на јужниот брег на акумулацијата Берхивске.

„Оваа снимка визуелно ги потврдува тврдењата на голем број руски милблогери дека украинските сили постигнале придобивки северозападно од Бахмут во областа помеѓу Бохданивка и Берхивка“, се вели во извештајот.

Како што забележува ISW, според руските воени блогери, елементите на 200-та посебна моторизирана бригада(14-ти армиски корпус, Северна флота) ги загубија своите позиции во областа помеѓу Хрихоривка и Дубово-Василивка (околу 6 километри северозападно од Бахмут). Покрај тоа, украинските трупи вршат контранапад кон Хромове, Бохданивка и Клишчиивка.

Шефот на парамилитантната група Вагнер, Евгениј Приогожин, нагласил дека украинските сили се приближуваат до Берхивка и тврди дека Украина сега има позиции на 500 метри од северозападните граници на градот Бахмут.

Руското Министерство за одбрана (МО) ги отфрлa тврдењата на други руски извори во врска со напредокот на Украина и наместо тоа тврдеше дека елементите на 4-та одделна моторизирана бригада и 200-та одделна бригада со моторизирана пушка ги одбиле сите напади во областа Берхивка.

Како што пренесува Укринформ, руските агресори организираат провокации со експлозии за да го оправдаат сопственото бегство од привремено окупираните територии на Украина и најавата за евакуација.

Украина, исто така објави дека две лица се убиени во руски напад во градот Костиантивка, на околу 25 километри од градот, со уште десет повредени, меѓу кои и двајца тинејџери.

Според Би –Би – Си, украинските сили вратиле најмалку уште еден километар од територијата во Бахмут поради руското повлекување што го одразува „сериозниот недостиг на веродостојни борбени единици“ на Москва, соопшти Министерството за одбрана на Обединетото Кралство на последниот брифинг за разузнавање. Се наведува дека елементите на руската бригада се повлекле „во лош ред“ од своите позиции на јужното крило на источниот украински град, местото на најдолгата битка во војната. Бригадата беше „обвинувана за лош морал и ограничена борбена ефикасност“.

Во четвртокот, генералот Сирскиј соопшти дека украинските сили напредувале два километри околу Бахмут.

Во петокот, шефот на руската платеничка група Вагнер, Евгениј Пригожин, но и некои руски воени блогери, на Телеграм известуваат за украинско напредување јужно и северно од Бахмут, при што некои сугерираат дека долгоочекуваната контраофанзива на Кијив почнала. Москва ги негираше овие тврдења додавајќи дека „воената ситуација е под контрола“

Со ангажирање на руската армија во битката за Бахмут, Украина се надева дека ќе отвори можност за контраофанзива на друго место.

Д. Мишев (CivilMedia)

Зачлени се на нашиот е-билтен