Чарли Кирк имал контроверзен предлог, предложил децата да гледаат јавни егзекуции

Gage Skidmore, CC BY-SA 2.0 , via Wikimedia Commons

Чарли Кирк, основач и претседател на конзервативната организација Turning Point USA остави зад себе бројни контроверзии. Една од најспорните беше неговата изјава дека децата треба да присуствуваат на јавни егзекуции.

Во своето неделно шоу „ThoughtCrime“, Кирк претходно зборуваше за смртната казна и тврдел дека казните треба да бидат јавно прикажани, брзи и телевизирани. Тој истакнуваше: „Смртните казни треба да бидат јавни, брзи, да се телевизираат. Мислам дека во одредена возраст тоа е форма на иницијација… На која возраст треба да почне да се гледаат јавните егзекуции?“

Дискусијата продолжи со неговите колеги Џек Пособиек, Тајлер Бајер и Блејк Неф, кои исто така зборуваа за тоа на која возраст децата би требало да гледаат егзекуции, при што еден од нив спомена дека тоа би можело да биде уште од 12 години.

За време на неговата кариера, Кирк често предизвикуваше бурни реакции со своите контроверзни ставови и изјави поврзани со политика и образование.

Во САД, смртната казна се спроведува во 27 сојузни држави, додека 23 држави ја укинале оваа пракса. Во 2023 година, вкупно 24 затвореници биле егзекутирани, при што Тексас имаше најмногу случаи (8), следен од Флорида (6), а Оклахома и Мисури извршиле по 4 егзекуции. Алјабама спровела две егзекуции, една во јули и една во ноември, по серија проблематични обиди за смртни казни во 2022 година.

Зачлени се на нашиот е-билтен