Студентите на Економскиот факултет – Скопје при УКИМ наскоро ќе добијат нова креативна лабораторија

ПроКредит Банка, во соработка со Економскиот факултет – Скопје при УКИМ, инвестира во создавање на ProLab – современ простор наменет за креативност, практична работа и соработка меѓу студентите.

Проектот ProLab е замислен од студенти, за студенти. Почетната идеја и концепт за уредување на просторот произлегуваат од талентирани студенти на Архитектонскиот факултет при УКИМ, кои во рамки на процес на учење и практична работа, заедно со тимот на Super Block (Smart Living), успеаја да ја преточат својата визија во функционално и модерно решение.

Новите простории ќе функционираат како креативен центар за развој на проекти, презентации и стартап иницијативи, но и како инспиративно место за поврзување, размена на идеи и заедничка работа. На овој начин студентите на Економскиот факултет – Скопје ќе имаат уште подобри услови за учење преку пракса, експериментирање и развој на иновативни идеи.

Со овој проект, Економскиот факултет – Скопје уште еднаш ја потврдува својата посветеност на современо образование кое гради кадри подготвени за реалниот бизнис свет. Истовремено, ПроКредит Банка ја зајакнува својата мисија да инвестира во младите и нивниот потенцијал, позиционирајќи се како банка наменета за новата генерација.

Проектот е во фаза на реализација, а студентите наскоро ќе можат да уживаат во динамична и модерна околина.

ПР Објава

Зачлени се на нашиот е-билтен