„Трансформации – Flusso – Flux: 1998–2025” на Љупка Делева

„Трансформации – Flusso – Flux: 1998–2025” на Љупка Делева
„Трансформации – Flusso – Flux: 1998–2025” на Љупка Делева

„Трансформации – Flusso – Flux: 1998–2025” на Љупка Делева e нејзиниот нов проект којшто ќе биде претставен во на Националната галерија на Република Северна Македонија, од 18 септември 2025 година, до 9 октомври 2025, во објектот Чифте амам.

По повеќедецениското живеење и творење во Венеција, македонската авторка Љупка Делева настапува со изложба како мултимедијален архив на нејзиниот творечки опус, вклучувајќи фотографии, видеа, перформативни акции, акварели, цртежи, интервенции и други визуелни експерименти. Особено значајно е тоа што голем дел од овие проекти се прикажуваат за прв пат пред домашната публика, отворајќи простор за комплексна визуелна и концептуална анализа на трансформациите во уметничката практика.

Проектот се занимава со трансформацијата на идентитетот низ призма на транснационалност, хибридност и постмиграциски субјективитет. Идентитетот се артикулира како процес на перманентно конструирање и реконфигурација, каде чинот на стекнување ново државјанство функционира како институционализиран акт кој влијае врз самоперцепцијата на субјектот – симболички „нов слој“ што ја структурира динамиката на припадност и неприпадност.

Делева ја истражува двојната позиција на современиот мигрантски субјект, кој е истовремено емигрант (од напуштање на татковината) и имигрант (во процес на адаптација во новата културна средина). Оваа дихотомија ја артикулира како критичка оска на постмодерната и постколонијалната субјективност, следејќи концепти на Хоми Баба за in-between space и cultural hybridity, како и идеите на Стјуарт Хол за cultural identity as a constantly evolving process.

Проектот ја артикулира миграцијата не само како географско преместување, туку како онтолошка и естетска состојба: идентитетот е во постојан флукс помеѓу културите, социјалните улоги и родовите позиции. Дихотомијата помеѓу „потеклото“ и „новата средина“ ја рефлектира и теоретската дискусија за дијаспорски идентитет (Safran 1991; Clifford 1994), кој ја истражува амбивалентноста на припаѓањето и припадноста, како и продуктивноста на културната хибридност.

Покрај транснационалната димензија, проектот ги истражува и родовите и социјалните аспекти на идентитетот, особено конфликтот помеѓу улогата на граѓанин, мајка и на уметник, како и нивната интеракција со постмодерната и постколонијалната рамка на хибриден идентитет. Така, изложбата се движи кон критичка рефлексија на опоненции, константна реконфигурација на субјективноста и визуелното артикулирање на личниот и колективниот процес на идентификација.

Во таа смисла, „Трансформации – Flusso – Flux: 1998–2025“ ја артикулира универзалната состојба на современиот мигрантски субјект: флуиден, хибриден, контекстуално конструиран, секогаш во процес на критичка и естетска реинтерпретација, кој се позиционира на меѓупросторот помеѓу културите, нациите и социјалните улоги.

Куратор на проектот е д-р Ана Франговска.

Зачлени се на нашиот е-билтен