Силен земјотрес на Крит, паника помеѓу туристите и жителите

Силен земјотрес денеска го затресе Крит: Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар регистрираше магнитуда од 4,2 со фокус на околу 12 километри длабочина во морето јужно од островот, во поширокото подрачје меѓу Гавдос и Палеохора. Епицентарот, според првичните локации, бил на неколку километри северозападно од Гавдос, соопштуваат специјализирани сервиси; првичните решенија се подложни на корекции во часовите по потресот. Засега нема извештаи за штети или повредени, што е очекувано за настан од оваа јачина и длабочина. Земјотресот предизвика паника кај бројните туристи кои го користат Септември за доцен летен одмор. Во изјава за Екатимерини Сања Плиц од Словенија сведочи дека земјотресот ги затекнал во хотелскиот лифт, по што на кратко снемало струја и биле заглавени помеѓу третиот и четвртиот кат одколу 20тина минути.

Крит и јужниот Егеј се наоѓаат на Хеленската субдукциска зона, едно од најсеизмичните подрачја во Европа, каде послаби и умерени потреси се чести. Во последните месеци Грција бележеше и посилни настани — во мај подрачјето на Крит го почувствува 6,1–6,3 по Рихтер без сериозни последици, а неделава 5,2 по Рихтер кај Евја се почувствува и во Атина — што ги држи службите и јавноста во засилена готовност. Денешниот потрес, според досегашните мерења, припаѓа на вообичаената сеизмичка активност за регионот и не активираше предупредувања за цунами.

Зачлени се на нашиот е-билтен