Итна седница на СБ на ОН по барање на Полска, Македонија била против (Дополнето)

Полска изнуди итна седница на Советот за безбедност на Обединетите нации по инцидентот од ноќта меѓу 9 и 10 септември, кога – според Варшава – дури 19 руски беспилотни летала навлегле во нејзиниот воздушен простор. Полскиот амбасадор при ОН Кшиштоф Шчерски побара расправа за „флагрантно кршење“ на Повелбата на ОН и меѓународното право, а седницата беше свикана на 12 септември (петок). Според полското МНР, ова е првпат во историјата на ОН Полска да иницира седница на СБ, а барањето го поддржале Франција, Обединетото Кралство, Данска, Грција и Словенија како членки на Советот а Македонија и Србија биле против односно не го поддржале барањето, јавуваат Босанските медиуми.

Регионалниот акцент доаѓа од списокот на ко-поддржувачи на иницијативата: босанскиот портал „Klix“ пренесува дека меѓу 42-те земји што формално застанале зад полското барање е и Босна и Херцеговина, додека Србија и Северна Македонија – како и Унгарија – не се појавуваат на таа листа. Овој детал, доколку биде официјално потврден од владите во Белград и Скопје, отвора нови прашања за регионалната усогласеност со евроатлантските партнери во моменти на зголемени безбедносни ризици.

Полската страна ја рамкира случката како „тестирање“ на одбранбените капацитети на НАТО и на Европската унија. Во деновите по седницата, Варшава превентивно крена борбени авиони и привремено го затвори аеродромот во Лублин, без нови повреди на воздушниот простор, но со порака дека опасноста е реална и променлива. Повеќето говорници во Советот ја осудија руската постапка како „ескалациска“ и „алармантна“, иако Москва ги негираше обвинувањата дека намерно ја таргетирала Полска

Оваа информација во меѓувреме доби апдејт и дополнување кое може да го прочитате на следниот линк:

Зачлени се на нашиот е-билтен