Црн облак над Македонија: Денеска не чека силно невреме со дожд и грмежи

По жешките и огнени денови со пожари низ земјава, Македонија денеска (недела, 14 септември) и во ноќта кон понеделник ќе ја погоди силно невреме. Под влијание на атмосферски фронт од север и северозапад, во попладневните и вечерните часови се очекуваат поројни дождови, силни грмежи и засилен ветер.

Најмногу погодени ќе бидат северните и источните делови на земјата, каде нестабилноста ќе биде изразена со локални невремиња.

Иако дождот доаѓа како олеснување по пожарите, метеоролозите предупредуваат на можни поројни врнежи кои може да предизвикаат проблеми во одредени подрачја.


Зачлени се на нашиот е-билтен