Земјотрес од 3,9 степени го погоди островот Аморгос

Земјотрес со јачина од 3,9 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди грчкиот остров Аморгос. Според Атинскиот институт за геодинамика, потресот бил на длабочина од 10,8 километри, со епицентар 14 километри југозападно од местото Аркесини.

Земјотресот бил почувствуван на Аморгос и соседниот Санторини, а експертите го поврзуваат со истата раседна линија која во февруари годинава предизвика серија посилни потреси во регионот.

Зачлени се на нашиот е-билтен