Наводните хибридни напади се само ПР драма на премиерот и израз на дилтетнтизам во водењето на државата, истакна претседателот на СДСМ Венко Филипче во изјава за медиумите во коментар за пораките на владините претставници за пожарот во Трубарево.
„Секогаш кога немаат решенија некој друг им е винвен. Ниту еден премиер досега не се осмелил вака неосновано да манипулира со теми од безбедносната сфера. Да вовлекува странски центри на моќ, хибридни сценарија, а да не преземе буквално ништо институционално – тоа е не само несериозно, туку и крајно опасно, предупреди Филипче.
„Ако беше така, ако навистина сме под хибридни закани, тогаш прво требаше да биде свикан Советот за безбедност. Потоа на терен требаше да излезат и да делуваат АРМ, Министерството за внатрешни работи, Министерството за одбрана, да се извести НАТО… Нема ништо од тоа затоа што немаат ниту едно решение за проблемите“, нагласи Филипче.
Сето ова е само пр драма на премиерот, нема никаква акција и е израз на дилтетантско водење на државата, дополни претседателот на СДСМ.
На новинарско прашање што требаше да биде направено, Филипче потсети на ветувањата на оваа власт на претходните локални и општи избори кога најавија расчстување на дивите депониит и обезбедвање на постоечките.
„Ништо од тоа нема и затоа се случуваат трагични ситуации. Треба детална анализа за сите депонии, дали имаат лиценци, дали се на безбедна далечиба од населени места, со како управуваат и од каде го увезуваат“, посочи Филипче.
Тој укажа и на неодговорните изјави на министрите како на министерто за здравство кој рече дека воздухо не е загаден.
„Тој за тоа треба да си поднесе оставка. Министерот за внатрешни најави евакуација, но таа не беше спроведена. Никој не се јавил во центарот определен за сместување, кој, пак, е во непосредна далечина од местото на пожарот“, рече Филипче.