„Совршен поет“ – Собрана поезија од Игор Исаковски на 55 години од неговото раѓање

Во чест на големиот македонски поет Игор Исаковски (1970–2014), на 19 септември во кафе-книжарницата „Буква“ од 20 часот ќе биде промовирана книгата „Совршен поет“ во издание на „Или-Или“.

Ова капитално издание на над 700 страници ја собира целокупната поетска оставнина на Исаковски – еден од најзначајните и најпознати современи македонски автори.

Во поговорот кон книгата, уредничката Елизабета Баковска истакнува дека препрочитувањето на поезијата на Исаковски било „долготраен и мачен, но воедно просветлувачки процес“, кој води до длабоко соочување со суштината на поетското творештво: „чувствено продирање низ суштината“.

Во вториот поговор, Елизабета Шелева пишува дека Исаковски останува како редок и огнен поет, чие ненадејно заминување ја остави поезијата како сведоштво за „премногу живот, премногу музики, премногу прашања што живот значат“.

Фотографиите во книгата се дело на Сашо Димоски, корицата ја изработи Марија Смилевска, а графичкото уредување е на Светлана Кочовска-Стеовиќ.

Зачлени се на нашиот е-билтен