Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Евростат: Албанија е меѓу земјите со најголем број на затвореници во Европа

Според последните податоци објавени од Евростат, Албанија е рангирана меѓу земјите со најголем број затвореници во однос на бројот на жители, јави Ора њуз.

-Во 2021 година Албанија имала 202 затвореника на 100.000 жители и била втора во регионот по Црна Гора, а најниско ниво е забележано во Србија, со 166 затвореници на 100.000 граѓани. Податоците за Северна Македонија се од 2017 година, кога тој број бил 122, додека во 2020 година на Косово имало 143 затвореници на 100.000 жители, наведува телевизијата.

Во Албанија рекордот е постигнат во 2018 година, кога според податоците на Евростат,  имало 217,3 затвореници на 100.000 жители.

-Во Европа рекордот го држи Турција, која има 323 лица во затвори на 100.000 жители. Во 2021 година, во ЕУ имало 475.038 затвореници, што е еквивалентно на 106 затвореници на 100.000 жители, а што бележи раст по падот на стапката во 2020 година. Највисоки стапки на затвореници на 100.000 луѓе во 2021 година се во Унгарија и Полска (по 191), потоа Словачка (185), а најниска во Финска (51), Словенија (54) и Холандија (65), стои во извештајот.

Се додава дека во 14 од 26 земји на ЕУ кои доставиле  податоци во 2021 година, стапката е зголемена во споредба со 2020 година, што свое влијание имале мерките поврзани со пандемијата со коронавирусот. Во 2021 година, осум земји на ЕУ имаа преполни затворски ќелии, додека 17 земји имале дополнителен капацитет.

Најниска стапка на затворска популација е забележана во Малта (65), Естонија и Латвија (по 66).

Зачлени се на нашиот е-билтен