На денешен ден е роден Милан Младеновиќ ЕКВ

На денешен ден, 21 септември, роден е еден од најголемите музичари на поранешна Југославија, фронтменот на легендарниот бенд „Екатерина Велика“ (ЕКВ), Милан Младеновиќ (1958–1994).

Милан напиша музика на стихови на Бранко Миљковиќ за песната „Измеѓу два дена“, која никогаш претходно не беше објавена. Тој свиреше гитара и пее, додека ритам-секцијата ја потпишуваше Милојевиќ.

Најпознатите песни кои ги создаде за ЕКВ, како „Очи боја мед“, „Биди сам на улица“, „Како да било некогаш“, „Ти си сета моја болка“, „Земја“, „Покрај мене“, „Круг“ и „Неколку години за нас“, и денес стигнуваат и до помладата публика.

Необјавената песна

Песната „Измеѓу два дена“ може да се слушне во филмот „Сизиф К“ на режисерот Филип Гајиќ, кој за тоа изјави:

„Еден ден се договорив со Милан да направи музика за претставата ‘Киклоп’ по Еурипид. Тоа требаше да биде моја прва режија, но претставата никогаш не излезе. Главниот лик е мудриот Одисеј кој го победи непобедливиот Киклоп, кој јадеше луѓе на Сицилија. Милан ја направи оваа песна во својот стан на Дорќол. Години подоцна, на таванот најдов заборавена ТДК касета од 60 минути и направив филм за Сизиф.“

„Во оваа песна, се сретнаа јунаци и поети. Одисеј беше син на Сизиф. Едногокото Киклоп го јаде понижениот, скршениот и изморениот. Луѓето стојат во колона, збунети и немоќни, препуштени на конецот на судбината. Ни поетите, ни јунаците не се спасија. Анестезијата еден ден ќе исчезне – така шепоти историјата, така зборува поезијата.“

Смртта на Милан и контроверзии

Милан Младеновиќ почина на 5 ноември 1994 година, на само 36 години.

По настапот на ЕКВ на фестивалот во Будва во август 1994 година, итно беше хоспитализиран поради влошена здравствена состојба. Лекарите му дијагностицираа рак на панкреас. По тримесечна борба, почина со само 35 килограми.

Неговиот живот и смрт беа проследени со бројни контроверзии. Се шпекулираше дали користел опијати, додека блиските пријатели тврдеа дека бил исклучително одговорен, строг, посветен на читање и дека не употребувал дрога. Некои, пак, веруваа дека починал од последици на СИДА, како резултат на долгогодишна употреба на наркотични средства од дел од членовите на ЕКВ. Ниту една од овие теории не е официјално потврдена.

Зачлени се на нашиот е-билтен